Во продолжената акција „Керозин“, МВР обезбедило докази за 10 нови лица, како и дополнителни докази за шест лица опфатени со претходната кривична пријава од 15-ти минатиот месец за „давање поткуп“, „примање поткуп„, „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување на исправа“,  „перење на пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“.

Шестмина од новите осомничени се вработени во Општина Чаир, ЈЗУ Институт по белодробни заболувања кај децата Козле-Скопје, СУГС „Браќа Миладиновци“ Драчево-Скопје, Државен Студентски Дом „Бранко Станоевиќ“ од Гостивар, ЈЗУ Општа Болница Куманово и Општина Гази Баба.

Вработените во државните институции биле задолжени да вршат прием или контрола на испорачаните количини на нафта каде што биле вработени,а истите сториле кривични дела: „примање на поткуп“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“, со тоа што им овозможиле на членовите на криминалната група (опфатени со претходната пријава) да не ги испорачаат количините на нафта за греење кои се наведени во испратниците изготвени од Друштвото АЛМА – Комерц, но да им биде извршено плаќање по истите испратници, како целокупните  количини да биле испорачани.

Против споментите физички и правни лица е поднесена кривична пријава за сторени кривични дела „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночно затајување“.

По добиени Наредби од страна на надлежен Истражен Судија на ден  24.12.2012 година од слобода биле лишени 5 лица кои заедно со пријавите беа изведени пред Истражен судија од чија страна им е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

OhridNews