Вработените на ЕВН Македонија го организираа првиот донаторски Празничен базар
30.12.24 12:55
По повод новогодишните празници, во дирекцијата на ЕВН Македонија за прв пат се одржа донаторски базар под мотото „Да бидеме хумани“. Настанот беше по идеја, иницијатива и организација на вработените на компанијата.
На базарот му претходеше собирање на донации во материјални добра, а за време на истиот донациите ги купуваа останатите колеги. Продадени беа над 150 предмети, облека, покуќнина и лични изработки. Паричните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија, исто така, донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.
Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја.
ЕВН Македонија е одговорна компанија која контуинирано вложува во проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се приклучува кон најразлични иницијативи кои ги третираат предизвиците на семејствата од ранливи категории. Компанијата во текот на годината подржува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.
Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР), врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21-ви јули 2026 регистрираше исклучително високи вредности на у...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,71 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Тоа е за 13 сантиметри над прос...
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“ Овој состав го соч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.