Вработените во градежната компанија „Адора Инженеринг“ и годинава на празникот Водици, се искапија во Охридското Езеро, по осветувањето на водите и фрлањето на светиот крст кај градското пристаниште.
„Ја продолживме традицијата на капење на Водици во Охрид, што ја воведе нашиот генерален директор Ванчо Чифлиганец, кој неколку години по ред се капеше на овој празник во Охридското Езеро, а во 2012 беше Кум на манифестацијата. За овој ритуал организирано дојдовме од Скопје, воопшто не не исплаши студената езерска вода, туку напротив овој уникатен чин, свечената атмосфера, илјадниците присутни и големата духовност на древниот Охрид, ни дадоа сила да скокнеме во езерото и да се искапиме за здравје, среќа, бериќет и просперитет за нас, за нашите семејства, за сите колеги и за натамошен успешен развој на „Адора Инженеринг“. Чувството е неописливо, горди сме, посилни, со поголема самодоверба, а благословот од капењето го поделивме со сите наши роднини, колеги и пријатели“. – порачаа Наташа, Смиља, Ивана, Сречко и Васко, кои на Водици се капеа во Охрид и најавија дека ќе ја продолжат оваа убава традиција.
Кумот на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец, кој и оваа година беше дел од охридската Богојавленска прослава, продолжува со активностите за поддршка на Охрид и охриѓани, за што потврда е и спомен обележјето посветено на Водици, што со негова донација, според авторското решение на скулпторот Ангел Коруновски, годинава ќе се подигне кај градското пристаниште, каде локацијата е веќе одбележана.
Споменикот-скулптура фаќач на крст, лиена во бронза и постамент со Богојавленска претстава, висок околу 5 метри е подарок за Охрид, граѓаните на Македонија и туристите кои го посетуваат Балканскиот Ерусалим, како траен атрактивен симбол, кој за верско-туристичката манифестација Водици ќе сведочи преку целата година во центарот на Охрид, велат од „Адора Инженеринг“.