Денес сме 22.02.2020 година, а градоначалникот Ногачески и директорката на ОУ „Дебрца“ се уште на вработените во училиштето не им ја поделиле јануарската плата, обвинува ОК ВМРО ДПМНЕ Дебрца.

Го прашуваме градоначалникот дали ваков живот ветуваше за сите жители на општина Дебрца, дали ваков третман заслужија просветните работници кои ја чекаат својата плата која им е од егзистенционално значење за живот, некои од нив имаат кредити за кои можат да се соочат со секакви несакани последици преземени од банките. Го прашуваме градоначалникот дали знае што му се случува во училиштето или и самиот тој е инволвиран во самата ситуација. Градоначалниче исплатетеја платата бидејќи законскиот рок до 15 ти во месецот. – се вели во партиската реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

OhridNews