Се одржа првиот академски час за новите студенти и на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид за учебната 2023/2024 година.

Пред студентите се обрати деканот на Факултетот, проф. д-р Снежана Дичевска, а на студентите им беа врачени и индексите.

Среќен и успешен почеток до сите студенти и вработени на факултетот. Нека оваа година биде обележана со раст, успех и безброј моменти на инспирација, им порачаа од Факултетот на студентите.

OhridNews

фото. ФТУ