Врачени уверенијата на членовите на Советот на Општина Струга кои добија четиригодишен мандат на локални избори што се одржаа на 19 октомври. Уверенијата на ново избраните советници им ги врачи претседателот на Општиската изборна комисија Струга, Минир Жута.

Новиот состав на Советот на Општина Струга брои 23-ца советници од кои осум од коалицијата НАИ, шест од ВМРО – ДПМНЕ, четворица од ВЛЕН, тројца од независна листа и по еден од СДСМ и Левица.

На одржаните локални избори за градоначалник на Струга беше избран независниот кандидат Менди Ќура, кој функцијата официјално треба да ја преземе следната недела.

OhridNews