После повеќе од четврт век пауза, дружината весели сини џуџести суштества, Штрумфовите, се враќаат пред стрип публиката благодарение на „Волшебна книга“ која потпишала договор за објавување на овој стрип. Како што наведува издавачот, првите колор албуми ќе излезат за неколку месеци.

Штрумфовите, си продажба од 25 милиони албуми, се еден од најпопуларните серијали во историјата на деветтата уметност. по успехот во стрипот, дополнителна популарност стекнале во телевизиска серија во осумдесеттите години од минатиот век, а во последно време и преку анимираните филмови. Исто така стотина милиони деца пораснале со фигурите со ликовите на овие комични јунаци.