Новата сезона во тенисот ќе значи нов почеток за Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј кој пропуштија поголем дел од минатата поради разно разни повреди. Нивното враќање на некој начин го плаши Рожер Федерер кој е најискусен помеѓу активните и успешните тенисери.
– Во 2018 година сигурно не ќе имам можност да ги доживеам истите емоции од 2017 кога освоив неколку трофеи. Можеби нема да биде толку добра, но секогаш можам да се изненадам самиот себе. – изјави Федерер и додаде – Ќе се вратат силни момци како Ѓоковиќ, Мареј, Вавринка, Нишикори и Раониќ кои се желни за надигрување во секој сегмент.
Во новата сезона швајцарскиот тенисер ќе се фокусира на грен слем турнирите, а учеството на мастарсите ќе зависи од физичката подготвеност.
– Австрлија Опен, Вимболдон и УС Опен се реалните цели за оваа сезона, а се што ќе се случува измеѓу нив ќе зависи од мојата физичка подготвеност. Не сакам ништо да планирам од сега, но мора јас и мојот стручен штаб да имаме начелно план како ќе се одвива сезоната. – заврши Федерер.
OhridNews