
Од скопскиот Кривичен суд потврдуваат дека издале вакво решение на барање на најголемиот скопски затвор. Според информациите, затворот во Идризово побарал Вранишковски да биде ослободен бидејќи се ресоцијалирал и со одлежувањето на половина од затворската казна го стекнал правото за тоа, односно од пет ипол годишната затворска казна, има одлежано три години и два месеца или повеќе од половината.
Од Судот велат дека решението не е правосилно и дека во тек е жалбениот рок. Доколку никој не поднесе жалба, Вранишковски ќе биде на слобода на 19 јануари.
OhridNews
Извор: „Република“











