Пролетниот замор е најдобро да го исфрлите од телото со движење и правилна исхрана, па следат неколку совети за зголемување на енергијата.
Пролетта го носи и пролетниот замор кој лесно не совладува. Додека телото не се прилагоди на новите временски услови, единствен вистински начин за добивање на доволно енергија е вежбањето и правилната исхрана.

Знаеме дека доручекот е најважниот оброк во денот, а често за доручек на брзина јадеме некое пециво од пекара. Белото брашно содржи едноставни јаглени хидрати кои ни даваат брз удар на енергија и го зголемуваат нивото на шеќер во крвта, но еднакво брзо таа енергија исчезнува.
Затоа, треба да јадеме сложени јаглени хидрати кои содржат многу билни влакна – интегрални житарки, зобени снегулки, интегрален ориз. Тие побавно се апсорбираат во организмот, побавно го креваат нивото на шеќер во крвта и еднакво побавно го намалуваат, задржувајќи го чувството на ситост многу подолго.
Еднакво се важни белковините кои го регулираат ослободувањето на енергија во текот на денот, како посното месо, јаткастите плодови или сојата. Бидејќи за претварање на белковините во гликоза треба подолго време, на тој начин ќе обезбедите постојано ослободување на енергија во организмот.
За крај, потребни се и добри маснотии кои се концентриран извор на енергија, како јајцата, маслиновото масло или рибите.

 

извор:metro-portal.hr