Вчера во просториите на спортската сала „Билјанини Извори“, беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Јавното претрпијатие „Билјанини Извори“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид.
Целта на меморандумот кој го потпишаа в.д. директорoт на Ј.П. „Билјанини Извори“ Иванчо Цветкоски“ и в.д директорката на охридската градинка Роза Костоска, е негување на физичката кондиција и развивање на социјалните интеракциски вештини кај децата.
Од ЈП „Билјанини Извори“ велат дека вратите на спортско рекреативниот центар се отворени за најмладите со цел истите да се запознаат со спортската инфраструктура, како и реквизитите кои ги поседува овој објект.
Инаку, во периодот кој претстои ќе се организираат часови со кои децата ќе имаат можност на непосреден начин да се запознаат со спецификациите на колективните и поединечните спортови, а за време на летниот период ќе можат да го користат и малиот базен.
OhridNews