Интернационалците во редовите на РК Охрид, Вражалица и Малик, сметаат дека Македонија има реални шанси да забележи успех во натпреварот против Хрватска, прв за двете селекции од втората фаза на Европското првенство што се игра во Полска. Тие двајца ќе го следат натпреварот Македонија – Хрватска заедно со навивачите на Македонија во најракометниот кафе бар во Охрид „Шила“.

-Македонија игра добар ракомет на ова Европско првенство. Ги имате Лазаров, Манасков и Миркулоски, кој за мене е вистинско изненадување на шампионатот, бидејќи пружа одлични партии. Хрватска од друга страна игра топло ладно, но сепак тоа е исклучително силен тим. Сметам дека Македонија има реални шанси доколку ги повтори досегашните игри на шампионатот да забележи успех на овој меч. – изјави Вражалица.


Вражалица и Малик во кафе барот „Шила“

Македонија има реални шанси во натпреварот со Хрватска. Двете селекции имаат свои адути, би рекол шансите се 50:50. Навивам за Македонија на овој натпревар.-истакна крилото на „гладијаторите“ Малик.

Натпреварот Македонија – Хрватска започнува во 20.30 часот.

Г.М.