Клубот за подводни дејности „Охрид“, кој одбележува 35 години постоење, реализира вредна донација за повеќе одделенија при Општата болница Охрид.
Охридските нуркачи донираа 400 заштитни маски за одделенијата во хируршкиот дел од општата болница. Нив ги изработија фирмите „Сетекс“ од Охрид и „Стење текс“ од Стење, Преспа, чии најблиски се членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“.
Исто така, Клубот за подводни дејности „Охрид“ донираше заштитни визири во одделенијата за Уво грло и нос, Анестезија, реанимација и интензивно лекување, Урологија, Гинекологија и Хирургија.
Визирите се специјално дизајнирани и изработени од членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“. Истите се со минимална тежина од само дваесеттина грама и можат да се стерилизираат и повторно да се користат.


OhridNews
Текст посветен на мојата генерација












