НУ Завод и Музеј – Охрид доби уште една вредна донација од семејството Робеви. Госпоѓата Оливера Робева Крстева во последните две години подари на охридскиот музеј лични предмети од нејзиното семејство.
Станува збор за стари фотографии, покуќнински предмети, пијанино, виолина, нотни, книги, медицински инструменти, печати, фотоапарат, орден, метроном, прибор за пушење, женски аксесоари, часовник со ќостек и други предмети. Со оваа донација музејската колекција се збогати за уште 50 предмети, а со тоа Фондот од семејството Робеви достигна бројка од над 200 предмети, велат од НУ Завод и Музеј – Охрид.


Донираните предмети претставуваат предизвик за нови истражувања, заштита и презентација на еден дел од културното наследство за идните генерации, како сведоци на едно време, начин на живот и доказ за големиот придонес на значајни личности за историјата и културата на градот Охрид, потенцираат од НУ Завод и Музеј – Охрид.
OhridNews














