Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ доби вредна донација во медицинска опрема и апарати обезбедена од Швајцарија, со посредство на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и неговите лични контакти со македонски иселеници.

Оваа болница е институција со долга традиција, стручен кадар, современи медицински третмани и ужива голема доверба кај домашните но и кај странските пациенти. Бидејќи се работи за врвен медицински бренд кој претставува гордост не само за нас, туку и за целиот здравствен систем во Македонија, секогаш треба да ја има нашата безрезервна поддршка и внимание. Во таа насока, јас како градоначаник и Општина Охрид како одговорна локална самоуправа, иако немаме директна ингеренција врз здравствените установи, во интерес на целокупната заедницата, секогаш се трудиме да бидеме партнер и поддржувач на институциите што директно се грижат за животот и здравјето на граѓаните. Би сакал да нагласам дека Општина Охрид и понатаму останува отворена и активно вклучена во сите иницијативи и проекти кои носат бенефити за граѓаните, верувајќи дека само преку партнерство и посветеност можеме да изградиме посилна, поздрава и посолидарна заедница и да обезбедиме подобри услови за нашите граѓани во сите сегменти на општественото живеење, истакна градоначалникот Пецаков.
Менаџерскиот тим на болницата изрази голема благодарност до градоначалникот Пецаков за неговиот ангажман и иницијативата за реализација на оваа донација. Оттаму истакнаа дека опремата е од исклучително значење за оваа здравствена установа и истата значително ќе ги подобри условите и за пациентите и за здравствените работници.
Со оваа огромна донација ќе биде обезбеден скоро целиот инфраструктурен дел со медицински кревети и дел од централната стерилизација за нашата институција. Фактички не прави подготвени во еден многу краток период по оспособувањето и завршувањето на ревизијата и проценката на проектот, еден дел од истиот проект да биде веднаш ставен во употреба. Во тек е двегодишна набавка. Во периодов тече една ревизија со проценка на останатиот дел кој треба да се догради и стави во функција. Се прави проценка на заостанатиот дел во машинство, електрика и градба. Завршени се електриката и проценката на градежниот дел останува уште делот од машинството. Тоа е и најскапиот дел каде треба добра проценка за кога ќе се распише постапката за нов изведувач точно да е специфицирано колку ќе треба. Меѓутоа голем дел од проектот и во меѓувреме во соработка со Министерството за здравство успеавме да оспособиме дел од зградата заедно со операционите сали и интензивна нега и очекувам дека за краток период, се работи за месеци, кога ќе бидат пуштени во употреба, истакна Шокаровски.


Н.С.Ј.
					





							






