А.Д. „Макпетрол“  денеска донираше 11 ЛЦД телевизори и постелнина за детското одделение при Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.


Вредна донација на „Макпетрол“ во специјалната болница „Св. Еразмо“

Благодарност за хуманиот гест искажа директорот на болницата, д-р Митко Тилески, кој ја истакна високата општествена одговорност на „Макпетрол“.

-Ова е трета донација на „Макпетрол“ во нашата болница, со што ќе се подобрат условите за престој на најмладите пациенти кои се лекуваат кај нас. Се надевам дека овој хуман гест ќе поттикне и други донации, рече директорот на специјалната болница „Св. Еразмо“, д-р Митко Тилески.


Д-р Митко Тилески – Специјална болница Св. Еразмо

Донацијата е дел од кампањата со која А.Д. „Макпетрол“ ја одбележува 65- годишнината од своето постоење.

-По тој повод одлучивме да реализираме повеќе донации, меѓу кои е и денешната во специјалната болница во Охрид, која се надеваме ќе го подобри престојот на пациентите, изјави Мишко Тасески раководител на маркетинг во „Макпетрол“.


Мишко Тасески – раководител на маркетинг во „Макпетрол“

„Макпетрол“ најави слични донации и во други здравствени организации ширум земјата.

OhridNews