Еден од најактивните хуманитарни клубови во регионот, Л.К. „Лихнидос“, донира хармоника за ОМУ „Методи Патче“. Инструментот, на кој ќе се обучуваат младите музички таленти од Охрид, е обезбеден со помош на пријатели на клубот од Белград, Србија.


Л.К. „Лихнидос“ донираше армоника на ОМУ „Методи Патче“

Л.К. „Лихнидос“ е познат по својата општествена одговорност и во областа на културата и уметноста. Пред неколку години клубот обезбеди вредна донација – клавир за талентиран млад музичар од Охрид, редовно ги помага културните настани кои се случуваат во градот и организира културни настани во хуманитарни цели.

OhridNews