Членовите на лајанс клубот „Лихнидос“ денеска донираа 34 комплети на одделението за геријатрија при општата билница во Охрид.
-Се работи за нови, модерни комплети кои се состојат од перница, јорган и наддушек. – информираат од ЛК „Лихнидос“, кој самостојно ги обезбеди средствата за реализација на оваа хуманитарна акција.
Благодарност за донацијата упати директорката на општата болница д-р Славица Малеска Стојадиновиќ.
–Оваа донација е добредојдена, дотолку повеќе што е наменета за геријатриското одделение, каде помош е неопходна. Се надевам дека гестот на ЛК „Лихнидос“ ќе мотивира и други општествено одговорни граѓани, организации и компании. – истакна директорката на општата болница.
ЛК „Лихнидос“ најави дека и во иднина ќе организира хуманитарни акции со цел да обезбеди помош за здравствените установи во градот, но и на граѓани на која истата им е неопходна.
OhridNews
















