Клонот „Сонце“ при ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга, доби вредна донација со која комплетно е опремен одделот јасли, каде се згрижени најмалите дечиња.
Со донацијата која ја обезбедија амбасадите на Германија и Швајцарија, преку заеднички проект на градинката со невладината „Креативно и активно здружување“ од Струга, обезбедени се 20 креветчиња за бебиња со јоги, постелнини и прекривачи за истите, 12 креветчиња за поголеми деца на расклопување, исто така комплет со јоги, постелнина и прекривачи и 20 столчиња за хранење деца. Со донацијата обезбедебни се и теписи за сите три занимални во одделот јасли во клоновите „Сонце“ и „Пеперутка“.
-Изразувам благодарност на донаторите и се надевам дека соработката ќе продолжи и натаму, а се во интерес на децата и подобрување на условите за нивна грижа, -изјави за OhridNews директорката на ЈОУДГ „8-ми Март“ – Струга, Зуал Реџепоска“.
OhridNews