Со просечна цена од безмалку петстотини евра, или 29.958 денари, Охрид е на трето место во Македонија по цена на чинење на недвижностите, соопшти во годишниот отчет Агенцијата за катастар.

Најскап квадратот е во Скопје 51.870 денари, а втора е Битола каде метар квадратен изнесува 31.553 денари.

Во 2015 година во Македонија биле истргувани недвижнини со површина од 3.850.214 метри квадратни.

OhridNews