Поради  исполнување на одредени технички услови и санирање на утврдени недостатоци, задолжителни за установи од областа на културата, во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид времено е прекинато одржување на настани.

Согласно допис од Министерство за култура и туризам на Р.С.Македонија имаме насоки за времен прекин на настани во нашата Установа, заради реконструкција на хидрантна мрежа, громобран и систем за детекција на пожар, посочуваат од Центарот за култура.

Од Центарот не наведуваат повеќе детали колкав период ќе траат активностите за обезбедување на потребните услови неопходни за одржување на настани.

Н.С.Ј.