Времен прекин во сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица почнувајќи од утре до 12.09.2022 инфoрмираат од ЈП Македонија пат.

Поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 09.00 и 15.00 часот, додаваат во соопштението.

Воедно информираат дека работите ќе се изведуваат само во работни денови.

OhridNews