Од утре се воведува времен режим на сообраќај на улицата „Кеј Македонија“ информираат од Општина Охрид.
Се известуваат сите граѓани на Општина Охрид како и останатите учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“, велат во соопштението.
Воедно додаваат дека погоре наведениот дел од улицата од утре ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.
OhridNews












