Од ЈП Македона пат информираат дека на магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид ( Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од утре, четврток, 21-ви декември, се воведува времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според известувањето добиено од АД ИЛИНДЕН СТРУГА (изведувач на работите) овој режим на сообраќај ќе трае до завршувањето на градежните работите. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по на места влажни коловози. На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
OhridNews