Времено се затвора за сообраќај улицата „Mарко Цепенков“, информираат од Општина Охрид.

Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на ден 17 јуни, сабота, ќе се врши асфалтирање и ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“ – потег од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“, се вели во соопштението.

OhridNews