Периодов во Охрид е стопирана постапката за легализација на дивите градби затоа што од вкупно 11 000 барања 60 до 70 % се некомплетни.

-Овој период треба да се сфати како грејс период во кој треба да се до комплетираат предметите. Кај нас постои феномен за се да се чека  до последен момент. Граѓаните не ги нарачуваат и не ги изготвуваат геодетските елаборати, па нема комплетна документациј
а, вели началникот на Секторот за Урбанизам,Бранко Арнаудов.
 
Во моментов во Охрид се легализирани над 400-ини нелегално изградени објекти. Согласно правилникот за стандарди и проектирање, станбените куќи во  градов  се дефинирани како објекти А1 со висина, Приземје  плус 2 ката и потпокрив.  Во стариот дел од Охрид забрането е подигање на потпокриви, истакнува Арнаудов.

A. Б.