Лошите временски услови го одложија мечот од квалификациите за ЕП во Израел, помеѓу Македонија – Северна Ирска до 21 година. По договор на двете репрезентации натпреварот е закажан за 10 мај годинава.

Ние бевме подготвени да одиграм во овој термин. Сите фудбалери се во тренажен процес, им недостигаат натпревари но така одлучивме да избегнеме несакани последеци. За дуелот на 10 мај очекувам да се рехабилитира Самир Фазли, Хасани да се наметне во составот на Волфсбург  и секако останатите фудбалери да се во полн погон во екипите – истакна селекторот на репрезентација до 21 година, Бобан Банунски.

Македонија со пет бодови од три меча е на третата позиција. Лидер на табелата е Србија со 11 поени од пет натпревари, втора е селекцијата на Данска со осум бодови (четири натпревари). Наредниот противник на Македонија, Северна Ирска има четири бодови од пет дуели, а последна е репрезентацијата на Фарски Острови со еден бод од пет меча.

Мх.П.