Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Охрид облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

OhridNews