Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.
Во Охрид сончево со променлива облачност. Маскималната температура ќе достигне до 26 степени.
До крајот на викендот и на почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 литри на квадратен метар), електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.
OhridNews