Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи кои ќе бидат претежно од снег со слаб до умерен интензитет.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до 7 степени.
Утре во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето, а во сабота повторно ќе има повремени врнежи претежно од снег. За време на викендот ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи студено време со ниски утрински и дневни температури, велат од УХМР.
OhridNews











