Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ=8

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степени.

Во среда и во следните денови во попладневните часови на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање, велат од УХМР.

OhridNews