Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ=7
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре вдолж пошироко Повардарие ќе засилува. До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, велат од УХМР.
OhridNews












