Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 19 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Охрид сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Како што соопшто УХМР, од денеска следува период на сончево и топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде в четврток и петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35 степени, а во југоисточните подрачја и над 40 степени.
Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе биде нестабилно.
OhridNews












