Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. Поради заладувањето на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Охрид променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува.

OhridNews