Времето денеска ќе биде променливо облачно, а локално ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а од четврток попладне повторно се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

OhridNews