Времето денеска ќе биде променливо облачно. На повеќе места, особено попладне и во вечерните часови, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Максималната температура во Охрид ќе достигне 25 степени.
УХМР информира дека повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и в понеделник. Повеќе врнежи во следниве два дена ќе има во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени.
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната од 22 до 29 степени.
OhridNews