Утрото ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 27 до 32 степени.

 

Во Охрид времето сончево, утринската температура ќе се спушти до 9 степени, а дневната ќе достигне максимални 27 степени целзиусови.

Во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Од вторник ќе настапи значителна промена на времето. Ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Дневните температури значително ќе опаднат и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

 

OhridNews