
Од локалната самоуправа со коментар дека долгот и покрај инволвираноста на повеќе финансиски институции и добрата волја од нивна страна во спроведување на проектот – “Модернизација на системите за водоснабдување и за отпадните води“, исклучиво е резултат на нестручното и неодговорно работење на екс раководителите поставени од СДСМ.
Од локалната потенцираат дека градоначалникот Бакрачески и новата општинска власт продолжуваат со темпото на спроведување на програмата и активностите од кои корист ќе имаат сите граѓани на Охрид.
– Ништо нема да не поколеба во нашата мисија, Охрид да стане пример за успешна локална самоуправа, а неговите граѓани среќни и исполнети луѓе, велат од општина Охрид.
OhridNews











