Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крива Паланка, Делчево и Берово, информираат од АМСМ.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100метри има на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews