Oд синоќа од 22:35 часот патниот правец Ресен – Охрид (Превој Буково) е нормализиран. Од 23:35 часот патниот правец Битола – Ресен (Превој Ѓавато) е нормализиран, а од 01:50 часот патниот правец магистрален пат А2 Крива Паланка – ГП Деве Баир е нормализиран, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат, велат од АМСМ.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на патниот правец К. Паланка – гр. премин Деве Баир и на планинскиот превој Пресека.
OhridNews











