Слаби врнежи од снег кои не претставуваат проблем за одвивање на сообраќајот има во Стража, Маврово, Тетово, П.Шапка, Гостивар, М.Брод, Плетвар, К.Паланка, Страцин, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Струмица, Велес и Кула, информираат утрово од АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози без забрани и застои.

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино–Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш–Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран.

Забраната за движење, поради свлечиште на патот Киселица-Злетово во општина Пробиштип сеуште останува. Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци према с.Степанци и с.Суво Грло. Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на р.Вардар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews