Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро се наоѓа на кота 693,59 метри надморска височина, што е за два сантиметра повеќе од почетокото на неделата.

Охридското Езеро се уште е под просекот за овој период од годината – 693,65 м.н.в., но трендот е позитивен.

Врбежите од друга страна, не предизвикаа поголем пад на температурата на водата во Езерото која утрово изнесува 21 степен, што е над просекот за јуни.

Г.М.