Обилните врнежи од дожд кои изминативе неколку денови го зафатија Охрид, придонесоа за зголемување на нивото на Охридсото Езеро и неговиот речен слив.

Под вода се наоѓа, Студенчишко блато, потегот од мостот до плажата „Куба либре“, а целосно е поплавен и охридскиот скејт парк.

За утре, од УХМР соопштуваат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

OhridNews

Фото: Миле Илоски