Обилните врнежи од дожд во ноември по исклучително сушнот период изминатиот период, ја подобрија хидролошката состојба на Охридското Езеро.Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи извршени утрово, нивото на Охридското Езеро е 8 сантиметри над минималната кота од 693,17 метри надморска височина, што е само еден сантиметар пониско од просекот за месец ноември.
Синоптичарите во наредниот период најавуваат нови врнежи кои ќе бидат добредојдени за враќање во кондиција на Охридското Езеро, кое подолг период е на пониско ниво од вообичаеното.
OhridNews












