Попладне и во текот на ноќта се очекуваат нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Особено обилни врнежите ќе бидат во јужните и западните делови, каде локално повторно ќе наврнат над 40 л/м2. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, информираат од УХМР.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 5 степени Целзиусови.
Во недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе се движи од 0-5, а максималната ќе достигне до 10 степени. Врнежи ќе има и во понеделник, а на места тие ќе бидат од дожд и снег. Утринската температура ќе биде во опаѓање и ќе се движи од -3 до 2, а дневната до 9 степени Целзиусови.
OhridNews
Фото: Ветрот силно го разбранува Охридското Езеро












