Во атарот на струшкото село Делогожда, вчера, околу 14 часот, полициски службеници забележале патнички џип марка „Галопер“ со швајцарски регистарски ознаки во кој, две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво.

  • Лицата избегале и го оставиле возилото на локалниот пат, а по извршениот увид, констатирано е дека во него има околу 2 метри просторни бесправно пресечено буково огревно дрво, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Возилото е одземено за вештачење и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews