Врвни микробиолози од Данска, Португалија, Русија, Совенија, Холандија, Белгија, Бугарија, Косово, Србија, Романија, Велика Британија и Македонија ќе бидат дел од „V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество“, што ќе се одржува од 28-ми до 31-ти мај 2014 година во Охрид.
Според конгресната програма, во рамки на овој научен собир, ќе бидат одржани низа предавања, симпозиуми, тркалезни маси, усни и постер презентации од широкото поле на микробиологијата. Организатори на Конгрсот се Здружението на микробиолозите на Македонија (ЗММ) и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет од Скопје.
Инаку во Македонија до сега биле организирани четири Конгреси на микробиолозите во 1997, 2002, 2006 и 2009 година, на кои учествувале претставници од над 12 европски и светски држави.
OhridNews