Врвни научници, истражувачи и практичари од областа на фармацијата, ќе бидат дел од „Шестиот Конгрес на фармацијата со меѓународно учество“ што ќе се одржи во Охрид од 1-ви до 5-ти јуни 2016 година. Овој научен собир го организаираат Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет при УКИМ, Скопје.
-Веруваме дека научната програма што ќе вклучи пленарни предавања, усни презентации и постер сесии, каде ќе бидат презентирани новите, современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и професионалната практика, ќе резултира со збогатување на знаењето и размена на искуства меѓу научниците, истражувачите и практичарите, информираат организаторите.
Според нив присуството на Конгресот ќе обезбеди одлична можност на младите научници и истражувачи, како и на реномираните истражувачи и практичари за размена на мислења, воведување на иновативни идеи и стекнување на нови практични знаења.
OhridNews













