
Организатори на школата се универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, во чии рамки функционира „докторска школа“ и универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, во соработка со универзитети од Данска, Германија и Србија.
Европската школа за теорија на информации е спонзорирана од IEEE (Information Theory Society), и првенствено е наменета за докторанти. Годишно има две вакви школи, една во Северна Америка, а една во Европа.
Теорија на информации е научна дисциплина која е базична за телекомуникациите, како и за сите други науки што се занимаваат со обработка на информации. Оваа дисциплина во 50-тите години од минатиот век ја креирал Claude E. Shannon, кој се смета за татко на информаичкото општество. Многу од иновациите кои ги гледаме во телекомуникациите и Интернет најпрвин се појавуваат како идеи во теоријата на информации, многу години пред да станат практични, велат организаторите, а токму за таквите идеи ќе се разговара на Европска школа за теорија на информации во Охрид, која трае до 26-ти април.











