Спој на традиција и квалитет и амбиент кој ја смирува душата, сега надополнет со извонредна викенд понуда на ребро кое на специјален начин се готви 12 часа, по исклучителна цена од само 190 денари. Уживањето во ресторанот „Канео“ со поглед во езерската шир, е загарантирано.
Приказната на ресторанот Канео започнува во 1993г. Сместен во старата рибарска населба Канео, како што умеат да кажат туристичките водичи, со мошне впечатлив поглед кон најпознатата црква на охридското крајбрежје „Св Јован“ Богослов“, ресторанот „Канео“ на гостите им дава можност да се опуштат и релаксираат. До него се стигнува или со кајче, или преку „Мостот на желбите“, или од „Плаошник“, што ова место го прави уникатно.
-Главен акцент е ставен на промоција на охридската кујна, особено на рибата и рибните специјалитети и традиционалните јадења, кои во ресторанот се приготвуваат покрај по традиционалните рецепти на „старите Каневчани“, и со техники кои ги користи современата кујна. Секако тука се и специјалитетите од месо, а во моментов актуелна е викенд акцијата – ребро кое се готви половина ден, за да го добие потребниот изглед и вкус и стане меко и сочно месо кое се „топи“ во уста, идеално гастрономско уживање за зимските денови. – посочуваат од менаџерскиот тим на ресторанот „Канео“, кој располага со подрум со 90-ина видови вина, сите од македонско потекло, со тенденција винската карта да биде проширена.
Континуираниот висок рејтинг на „Tripadvisor“, „Google“, „Facebook“, како и изборот на „Lonley Planet“ веќе неколку години по ред како „top choice restaurant“, го потврдуваат квалитетот на ресторанот „Канео“. По повод јубилејот кој следи, 25 години постоење, ресторанот планира повеќе новитети, како во областа на гастрономијата и промоцијата на македонската кујна и вина по светски стандарди, така и во областа на послужувањето на гостите, што според менаџерскиот тим, ќе придонесе во развојот на туризмот и угостителството во Охрид кои заслужуваат високо ниво.
OhridNews
















